Европското првенство во Унгарија и Словачка за еден од најдобрите ракометари во светот, Никола Карабатиќ, ќе биде јубилејно десетто учество.
Карабатиќ беше дел од француската репрезентација на Европското првенство во 2004, 2006, 2008, 2010, 2012, 2014, 2016, 2018, како и на Европското првенство во 2020 година, кое беше одржано во три земји, Австрија, Норвешка и Шведска.
Сепак, Карабатиќ не го држи рекордот во учество на континенталните собири. Рекордер е поранешниот репрезентативец од Исланд, Гудјон Валур Сигурдсон, кој има забележано 11 настапи на Европските првенства.
Третото место со осум учества го делат Лук Абало, Ларс Кристијансен, Раул Ентрериос, Дидие Динар, Тјери Омејер, Жером Фернандез и Асгир Халгримасон. Доколку се направи анализа на најмногу одиграни натпревари на ЕП, неприкосновен е Никола Карабатиќ со 63 официјални натпревари.
Од ракометарите кои сѐ уште се активни на ракометните терени и теоретски би можеле да го достигнат рекордот на Карабатиќ се наоѓаат – Агинагалде со 49 настапи, како и Иван Чупиќ, Домагој Дувњак, Ханс Линдберг и Виран Морос, кои имаат одиграно 48 натпревари на Европските првенства.