Карабатиќ продолжува со рехабилитација, сака да игра во Токио (ВИДЕО)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Karabatic (@nikolakarabatic44)

Првата ѕвезда на Франција во последните 10-15 години, Никола Карабатиќ продолжува со заздравувањето од операцијата на коленото, а неговата цел е да се најде во тимот кој ќе игра на Олимписките игри во Токио. До почетокот на игрите има помалку од 100 дена, но и понатаму владее неивесност дали истите ќе се одржат бидејќи постои нова можност за одлагање. Сепак, Карабатиќ не препушта ништо на случајот и работи на враќањето во форма, а може да се види дека сè оди одлично.