Карабатиќ: Приоритет е да се запре епидемијата, останатото не е важно

Додека сите натпревари се откажани, спортистите ширум Европа наоѓаат најразлични активности за да ги поминат деновите во домашна изолација.

Лидерот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Никола Карабатиќ зборуваше за тоа што прави во условите на епидемија надвор од тренинзите и натпреваарите.

„Се чувствувам како да гледаме филмско сценарио направено од себе. Тоа е вистинска промена во животот што ве плаши дури и ако не паничите. Некои луѓе продолжуваат да ги игнорираат правилата за безбедност и тоа е она што ме вознемирува. Не тренирам од последниот натпревар со ПСЖ. Времето го поминувам со моите деца, им готвам. Градинките не работат па мора самите да се грижиме за нашите деца. Немам услови да тренирам во домашни услови, а сега и трчањето на отворено е забрането. На вестите гледам дека луѓето брзаат кон станиците и аеродромите, но тие го шират вирусот. Мислам дека вреди да се остане дома и да се биде силен.

Желбата на Карабатиќ е да продолжи сезоната и да биде завршена на терените, но сепак останува неизвесно дали ќе се случи тоа. Исто така истакна што е главен приоритет за сите во овој момент.

Јас би сакал сезоната да продолжи за да можеме да ја завршиме. Постои голема веројатност дека Олимписките игри ќе бидат последни за мене. Сега е најважна борбата против епидемијата, сè друго е неважно“, заврши Карабатиќ.