Карабатиќ: Атмосферата на тренинзите е малку бизарна

Фрaнција беше една од земјите кои беа најпогодени од пандемијата предизвикана од коронавирусот, но полека се враќаат во нормала. Ракометарите на шампионот на земјата, ПСЖ се вратија на тренинзите минатата недела откако беа тестирани на Ковид-19.

Тие започнаа да работат во посебни услови со строги мерки на претпазливост. Лука Карабатиќ за француските медиуми ја објасни ситуацијата и атмосферата на тренинзите.

„Имавме лекарски прегледи и тестирање на Ковид-19, а два дена потоа го одржавме и првиот тренинг. Бевме распоредени во групи од по тројца или четворица. Ова се посебни услови, преземени се сите мерки на претпазливост и тренираме со маски. Убаво е да тренираме повторно со соиграчите, но атмосферата е малку бизарна. Секој ги почитува упатствата и  првиот тренинг после паузата помина добро“, рече Карабатиќ.

Откако беа откажани сите натпреварувања ЕХФ донесе одлука завршниот турнир од Лигата на шампионите да се игра во декември, а ПСЖ да добие директен пласман. Со оглед на временскиот период до тогаш и големата неизвесност што ќе се случува понатаму во ПСЖ не размислуваат многу на таа тема.