Капитенот на Охрид не е веќе ерген – се ожени Крсте Андоновски

Во редот на македонските ракометари што правеа сведби овој период се најде и капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Тој мината година во Египет ја побара раката на Емилија Руменовска, а викендов ја овековечија нивната љубов.

Свадбената веселба се одржа во еден хотел во соседната Струга, а беа присутни голем дел од клупските колеги.

Андоновски го продолжи договорот со матичниот клуб и во следната сезона ќе ги брани боите на Охрид.