Капитенот на Мотор Запорожје, Захар Денисов до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во редовите на шпанскиот клуб Торелавега.
Шпанскиот клуб денес го потврди потпишувањето на договорот со украинскиото лево крило. Капитенот на Мотор пристигнува на позајмица до крајот на актуелната сезона.
Во редовите на овој клуб 32-годишниот Денисов ќе се бори за место во тимот Хорхе Прието и Хозе Карлос Хернандез. Очекувањата се Украинецот да дебитира за новиот клуб против Адемар Леон.
Денис за Мотор настапува од 2014 година и во тој период седум пати го освои првенството на Украина.