Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Иако имаше договор на уште една сезона со романската Магура Чиснадие, Ѓорѓиевска се сели во турскиот тим Коњалти Анталија.
Таму ќе биде во друштво на уште две македонски репрезентативки – Моника Јанеска и Ивана Гакидова.
Ѓорѓиевска потекнува од Струга, играше за Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, па за Металург, пред да замине во Будуќност.
Потоа ги носеше дресовите на романските Баја Маре и Крајова, а беше дел и од унгарската Алба Фехервар и хрватската Подравка.