Капитенот на Бутел кажа крај – Бојан Спасовски ја заврши кариерата! (ФОТО)

Капитенот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски ја заврши кариерата на натпреварот против Вардар од суперлигашкиот плеј-оф.

Раководството на клубот со пригоден подарок и врамен дрес му оддаде почит на капитенот на тајм-аутот кој беше повикан во 14. минута, според бројот на неговиот дрес.

Кружниот напаѓач и столб на одбраната на бутелци, во оваа екипа ја одигра четвртата сезона откако дојде во 2018 година.

Потекнува од клубот Радишани, долги години играше за тимот на Пролет, потоа се пресели во Вардар Јуниор, а пред да дојде во Бутел Скопје играше и за Охрид.

Со Бутел Скопје на три пати играше на завршните турнири во Купот на Македонија, а настапуваше и во Купот на ЕХФ и Лигата на Европа.