Машката репрезентација на Македонија загуби од Египет со 38-19 и остана без бодови и по второто коло на Светското првенство.
Иако очекуваме подобро издание од избраниците на Данило Брестовац, сепак тие беа полоши дури и од дуелот со Шведска, па во првото полувреме постигнавме само шест гола, а примивме дури 20.
Одбраната продорна како „швајцарско сирење“, па селекторот сфати „колку е саат“ и во второто полувреме им даде шанса на оние со помала минутажа, а ги седна на клупа капитенот Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.
Поразот од 19 голови разлика е еден од најубедливите во историјата на настапите на Македонија на големите натпреварувања. Нajубедливиот датира од ЕП во Италиja 1998, кога загубивме од Чешка со 38-18.