Полицијата во СЦ „Јане Сандански“ имаше полни раце работа по влезот во салата на гостинските навивачи од Битола.
Се случи хаос на теренот, летаа факели и шишиња, гореа пиротехнички средства, и се разгорија страстите меѓу присутните.
Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер веќе е во прекин петнаесетина минути, ракометарите беа повлечени во соблекувалните..
Први на теренот излегоа капитенот Стојанче Стоилов и Мирко Радовиќ, кои упатија апел до навивачките групи да се смират и да продолжат со коректно навивање за мечот да продолжи непречено.