Кантегрел се збогува од Вардар – благодарам Скопје! (ФОТО)

Меѓу ракометарите што заминуваат од македонскиот шампион Вардар е голманот Робен Кантегрел.

Францускиот чувар на мрежата иако имаше активен договор, побара да биде ослободен од обврските.

Тој во следната сезона ќе ги брани боите на тимот на Тулуз, со кој потпиша договор на две сезони.

На Инстаграм се збогува од Вардар и од Скопје со неколку фотографии. Останува впечатокот во јавноста дека не ја доби вистинската шанса за да се докаже на голот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robin Cantegrel (@robincantegrel77)