Ракометарката која во сезоната 2016/17 го носеше дресот на тимот на Вардар, Камила Херем и понатаму настапува за сениорската репрезентација на Норвешка, а од вчерашниот дуел против Словенија во ЕХФ Еуро купот ќе носи белези некое време.
Таа помина со разскрварен врат, а на фотографијата може да се види за каква рана се работи.
На вчерашниот дуел репрезентацијата на Норвешка која е актуелен Европски првак забележа победа од 29:17 така што одлично го отвори натпреварувањето во кое се и Македонија и Црна Гора.