Порнешното лево крило на Вардар, Норвежанката Камила Херем напиша книга „Камила без филтер“ во која споделува најразлични моменти од својата кариера и живот и сите нејзини подеми и падови.
Исто така Херем раскажува какво искуство имала со настапите во странство, особено додека настапуваше во Романија, во Баја Маре и во Скопје во Вардар. Според нејзе главниот проблем и била осаменоста.
„Мислам дека беше исклучително тешко, таму културата е поинаква. Можеби размислував повеќе за себе отколку за тимот. Кога бев во Македонија бев многу осамена. Одев на тренинг и потоа одев дома и бев сама. Создавате пријателства во тимот, но тоа не е тоа. Сепак среќна сум што бев во таа земја и што доживеав сосема друга култура, играв Лига на шампиони и различно првенство. Но многу се чувствував осамена“, сподели Камила Херем.
Камила Херем имаше краток претстој во Вардар, а очигледно во својата земја се чувствува најдобро.
Таа сега настапува во норвешкиот клуб Сола, а минатото лето одби понуда од Ѓер само да остане во својата земја.