Покрај женската кадетска репрезентација на Македонија, РФМ ќе има уште претставник на Европското првенство во Црна Гора.
Меѓу официјалните лица ќе биде Камер Металари, кој ќе ја има улогата на делегат на претстојните натпревари во Подгорица.
Натпреварите од континенталниот собир за кадетки ќе се играат од 3 до 13 август во „Морача“ и „Верде“.
Македонија е во група со силните селекции на Франција, Унгарија и Романија, а првиот меч го игра против Романија на 3 август од 15:45 часот.