Калајџиески за 24Ракомет ТВ: Покажавме дека имаме карактер (ВИДЕО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби на првиот натпревар на кадетското СП од Норвешка со 27-25, но и покрај тоа покажа карактер и се врати од висока негатива во второто полувреме. Средниот бек Мирче Калајџиески беше меѓу најдобрите стрелци со седум голови од девет обиди и ја носеше играта на Македонија во вториот дел. Тој смета дека не победува секогаш подобриот тим и најавува дека ќе се оди на триумф против Црна Гора. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...