Најдобрите две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер, одиграа пријателски натпревар кој го добија „црвено-црните“ со 32-28.
Ова беше неофицијално деби за новиот стратег на шампионот, Стевче Алушовски, додека Жељко Бабиќ на клупата на битолчани е веќе трет натпревар.
Сепак не беа тие во преден план, туку рускиот репрезентативец Глеб Калараш, кој се појави со нов имиџ и ги шокираше малкуте присутни во СЦ „Јане Сандански“.
Тој на почетокот на сезоната се појави како „блондинка“, а сега таа боја ја замени со сина…