Рускиот репрезентативец Глеб Калараш, кој на дуелот меѓу европскиот шампион Вардар и украинскиот Мотор Запорожје доби црвен картон, сепак избегна казна.
Арбитражната комисија на ЕХФ по анализата на ситуацијата, односно ударот на Калараш со лакот кон Дмитро Дорошчук, сепак одлучи дека немало намера кај Русинот и тој нема да биде дополнително санкциониран.
Тој ќе биде дел од ростерот на Вардар на тешкото гостување во Португалија кај португалскиот првак Порто.
Овој натпревар ќе биде решавачки дали европскиот првак ќе го освои петтото или шестото место на табелата во групата Б.
Натпреварот се игра на 22 февруари в сабота со почеток од 16:00 часот.