Рускиот пивот Глеб Калараш и вториот дел од сезоната ќе го мине во редовите на бундеслигашот Мелсунген.
Неговиот актуелен договор беше до 31 декември 2022, а сега е продолжен до крајот на јуни, односно до крајот на сезоната.
Некогашниот вардарец со успех го носи дресот на тимот што го тренира уште еден екс член на „црвено-црниот“ тим, Роберто Гарсија Парондо.
„Среќен сум што ќе го продолжам мојот престој и што можам да и помогнам на екипата. Се надевам ќе се движиме по позитивен курс“, изјави Калараш.
Тој играше за Балинген и Магдебург, за Чеховски Медведи, но и кратко за Мотор Запорожје.