Репрезентацијата на Конго беше поразена во првиот натпревар на Светското првенствто во Египет од селекцијата на Аргентина со 22:28.
На овој натпревар гледачите можеа да видат нешто несекојдневно на ракометните терени, односно пикерот на Конго кој најмалку личи на професионалне ракометар.
Готие Мвумби има прекумерна тежина можеби соодветна за сумо борач, но и покрај тоа успева добро да се снаоѓа на теренот и линијата од шест метри. Тој против Аргентина постигна четири погодоци.