Како Перез де Варгас ги запре надмените светски шампиони (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија ја совлада фаворизираната Данска со 29:25 со што обезбеди финале и можност за одбрана на титулата и третпат по ред да стане европски шампион.

Еден од најзаслужните за триумфот на Шпанија беше голманот Гонзало Перез де Варгас кој бранеше на високо ниво.

Тој имаше 14 успешни интервенции и беше несовладлив во решавачките моменти од мечот.

Де Варгас имаше неколку фантастични интервенции препознатливи за неговиот стил на бранење со кои ги отпиша Данците. Во видеата од продолжение може да погледнете некои од нив.