Како Кузмановски му донесе триумф на Хановер (ВИДЕО)

Филип Кузмановски имаше уште една одлична партија во дресот на Хановер и беше клучен играч за победата на својот тим. Хановер славеше 28:27 а победничкиот погодок беше дело токму на Кузмановски на дваесетина секунди до крај. Левиот бек беше најефикасен во својот тим заедно со Мартиновиќ постигнувајќи по шеест гола. Во следното видео може да ги погледнете сите погодоци на Кузмановски и победничкиот во самиот финиш на дуелот.