Како Кантегрел брани зицери! (ВИДЕО)

После голема борба и пресврт Вардар стигна до победа во полуфиналето и обезбеди натпревар за титулата. Вардарци беа подобри од Загреб после изведување на пеналите, а голема заслуга имаат голманите. Освен клучните одбрани на Ристовски, тука беше и Робин Кантегрел. Летното засилување на Вардар на голманската позиција покажа дека е добра инвестиција. Тој имаше неколку одлични одбрани на дуелот со Загреб, а една од нив е избрана а најдобра од полуфиналните натпреавари. Најдобрата одбрана според СЕХА од првиот ден погледнете ја во видеото.