Како Калифа Гедбан заврши во Вардар?

Некогашниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, за шпанските медиуми откри како пред две сезони во Скопје се пресели алжирскиот голман Калифа Гедбан.

Чуварот на мрежата на лето се сели во Шпанија и ќе го брани голот на Адемар Леон кој е предводен од Маноло Каденас.

„Доколку Гедбан се адаптира во Адемар Леон ќе донесе многу за тимот. Постои простор за напредок во неговата игра. Ако работи добро, сигурен сум дека ќе постигне многу. Заедно со Маноло Каденас го откривме Гедбан на младинското СП во Алжир. Млад голман, со неверојатен талент кој многу ме изненади. Истото мислење го имаше и Каденас. Имавме проблем на голманската позиција во Вардар пред две години, па веднаш го донесовме. Го гледав како иден голман на Вардар, со голем потенцијал. Тој не беше прв избор од стартот, но многу ни помогна во таа шампионска сезона. Имаше одлични моменти и ги шокира сите“, изјави Парондо.

Гедбан освои три титули со Вардар – една во Лигата на шампионите, една во СЕХА лигата и една во Суперлигата.