Како што беше случај и пред две години, Европското првенство повторно ќе се емитува на фреквенцијата на ТВ Телма.
Ќе бидат пренесувани сите натпревари на македонската репрезентација, дел од другите натпревари од нашата група, како и најинтересните дуели од преостанатите пет групи.
Континенталниот собир во јануари ќе се одржува во три земји – Австрија, Норвешка и Шведска, а за првпат ќе има рекорден број учесници, 24 репрезентации.
Првиот натпревар Македонија го игра на 10 јануари против Украина, на 12 јануари ќе се соочи со Чешка, додека на 14 јануари следува средбата против домаќинот Австрија.