Како изгледа тим билдинг на водопади (ВИДЕО)

Женскиот ракометен клуб Кубан Краснодар имаше несекојдневен ден за одмор кој беше искористен за тим-билдинг во пририода. Ракометарките пешачеа на чист воздух низ шума до водопадите Гебиус. Додека се движеа по шумските патеки имаа и блиска средба со животни. Денот беше искористен за максимално опуштање и полнење на батериите. Во видеото погледнете како ракометарките на Кубан го поминаа денот во природните убавини покрај водопадот.