Изминатиот викенд беа комплетирани сите 14 кола од регуларниот дел во Женската лига во која оваа сезона играат 15 екипи поделени во две групи.
Најдобрите четири екипи од двете групи се пласираа во плеј-офот, односно ќе разигруваат за титулата, додека останатите седум екипи ќе бидат дел од плеј-аут.
За разлика од Супер машката лига, во Женската лига во плеј-оф, екипите ги пренесуваат бодовите од дуелите со екипите од иста група што обезбедија пласман, па ќе се одиграат вкупно осум кола со екипите од другата група.
Шампионот Ѓорче Петров, во плеј-оф пренесува максимални 18 бода од шесте дуели со Металург, Стружанка и Овче Поле СУ, но допрва напролет ќе го чекаат двобои со Вардар, Чаир и Куманово.
Во секое коло ќе има по еден дерби дуел, а рамноправно во трката за титулата влегуваат и Вардар, Чаир и Металург, но никако не смее да се отпише ниту поранешниот првак Куманово.
Пролетниот дел од сезозната во кој ќе се одиграат осум кола од плеј-оф и плеј-аут, ќе започне на 12/13 март, додека сезоната ќе финишира на 20/21 мај.