Групата во која требаше да игра и Македонија во вториот круг на Европското првенство ги доби шестте селекции кои ќе играат во неа од утре и тоа во Виена.
Хрватска, Шпанија и Австрија влегуваат во неа со по два поени и тие имаат предност во однос на другите ти состави на стартот.
Познат е распоредот и веќе е јасно дека од утре до 22 јануари ќе се разигрува за место во полуфиналето како и за пласман кој би требало да ги донесе имињата на репрезентациите кои ќе си обезбедат олимписките квалификации.
Денеска ќе биде позната и другата група за вториот круг откако ќе финишира групата Е, која почна подоцна од другите.
ВТОРА ФАЗА
ГРУПА 1
ЧЕТВРТОК, 16 ЈАНУАРИ
16:00ч
ШПАНИЈА – ЧЕШКА
18:15ч
ХРВАТСКА – АВСТРИЈА
20:30ч
БЕЛОРУСИЈА – ГЕРМАНИЈА
САБОТА, 18 ЈАНУАРИ
16:00ч
БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА
18:15ч
ШПАНИЈА – АВСТРИЈА
20:30ч
ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА
ПОНЕДЕЛНИК, 20 ЈАНУАРИ
16:00ч
ХРВАТСКА – ЧЕШКА
18:15ч
БЕЛОРУСИЈА – ШПАНИЈА
20:30ч
АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА
СРЕДА, 22 ЈАНУАРИ
16:00ч
ХРВАТСКА – ШПАНИЈА
18:15ч
БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА
20:30ч
ЧЕШКА – ГЕРМАНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Хрватска 2 (31:23); 2. Шпанија 2 (33:26); 3. Австрија 2 (32:29); 4. Чешка 0 (29:32); 5. Германија 0 (26:33); 6. Белорусија 0 (23:31).