Како играч го имаше најскапиот македонски трансфер, сега се подготвува за тренер! (ФОТО)

Денеска во Дојран, започнаа предавањата од првиот Модул за тренери кои ќе се одржуваат до недела во организација на Здружението на ракометни тренери.

Меѓу оние што се пријавија е играчот што се уште го држи рекордот на најскап трансфер од еден во друг македонски клуб, Милан Левов. Своевремено, десниот бек премина од кавадаречки ВВ Тиквеш во тимот на Металург кога тренер беше Лино Червар, за оштета од 40.000 евра.

Покрај Левов, во Дојран се уште некогашните ракометари на Пелистер, Михаил Петровски и Кире Митревски, потоа Борче Ангеловски од тимот на Драчево, Стефан Крстевски и уште неколку други.

Во Дојран ќе има предавања од Гино Стрезовски, Јован Јовановски, Даниела Дамјановска, Влатко Неделковски, Михајло Силјанов и Ванчо Поп-Петревски на различни теми, меѓу кои Билошоко-медицински основи на спортот, Моторички одлики во различни временски периоди, Техника и методика на ракометната игра…