Екипата на ЖРК Вардар прекинот на сезоната во Женската лига ја затекна на третата позиција со 33 бодови, 12 помалку од првопласираниот тим на Куманово, но вардарки имаат натпревар помалку.
Тренерот Драгана Ристова не посакува сценарио на прекин и прогласување на шампион без борба на терен.
„Како и сите ракометарки и тренери, така и јас посакувам да продолжи Женската лига“, вели Ристова.
Но сепак нема идеја како би се одиграле сите преостанати натпревари.
„Искрено не сум сигурна како би се извело тоа, евентуално некој турнирски систем. Сепак нема да има доволно време, со оглед на тоа што долг временски период девојките не тренираат, би било исто како се почнува, така што не знам како би се решил шампионот“, продолжува Ристова во изјавата за 24Ракомет.
Една од опциите е играње и во лето.
„Најважно во овие моменти е здравјето на сите, се надевам дека можеби ќе се случи и тоа“, заврши Ристова.
Натпревари во април и мај сигурно нема да има, а најрано веројатно би можело се игра кон средината на јуни.