КАКО ДО ТИТУЛАТА: Еурофарм Пелистер – Во Битола мириса на титула

На шест кола до крај на првенството, три екипи се со теоретски шанси да станат шампиони. Во игра се Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Шестото коло од плеј оф фазата ги измеша картите преку кои Македонија ќе го добие новиот шампион. Новиот суперлигаш Алкалоид го поведи минимално првакот Вардар во Автокоманда и таа минимална победа значи нови возбудливи натпревари до крајот на сезоната и отворање на прашањето околу старо/новиот шампион.

Вардар ја загуби високата гол разлика која ја имаше по дуелот со Еурофарм Пелистер во трката за титулата, па сега меч топката е во рацете на битолчани. Токму тоа коло ја врати насмевката кај „зелено-белите“ по оној неконвецнионалниот натпревар во „Јане“ меѓу првакот и вицепрвакот, кога пелистерци загубија со високи седум голови негатива.

За нова титула во Битола сега доволни се минимални победи против Алкалоид во Автокоманда во следното коло и против Вардар во Битола. Секако под претпоставка дека до крај на плејофот, битолчани ќе ги добијат и другите натпревари.

Еурофарм Пелистер ја заврши регуларната сезона на првото место во група Б со ист број бодови како и Вардар. Во регуларниот ден немаше порази. Ниту на почетокот на плеј-оф фазата се до дуелот со Вардар во Скопје, но поразот на Вардар во Автокоманда повторно ги изедначи двата клуба со бодовите на врвот на македонскиот шампионат.

Како до нова титула во Битола?

По поразот на Вардар од Алкалоид со 22-21, Еурофарм Пелистер се изедначи со бодовите со „црвено-црните“  и сега се  главни фаворити за освојување на македонскиот шампионат. Тие се во најповолна позиција бидејќи потребни им се две минимални победи до крајот на првенството во директните дуели со конкурентите Вардар и Алкалоид за потврда на сонот на сите битолчани, враќање на титулата.

До крајот на првенството има уште шест кола или 18 бодови за собирање, а доколку Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија останува во клучните натпревари да го покажат максимумот и со својот квалитет да потврдат дека Битола е подготвена за нова титула. Тоа значи победи на двата дуели со нивните директни конкуренти за титулата, оној домашниот против Вардар на почеток на мај и гостувањето во „Автокоманда“ кое ќе се одигра денес.

Титула во Битола е можна со повеќе сценарија. Две победи од клучните два дуели сигурно ги водат кон посакуваниот трофеј.

Титулата може да се пресели во Битола и ако Еурофарм Пелистер загуби денес од Алкалоид. Па така со победа над Вардар од седум голови разлика и пораз на Алкалоид во дуелот со Вардар повторно Еурофарм Пелистер ќе биде шампион. Доколку Вардар пак одигра нерешено со Алкалоид во „Јане Сандански“ тогаш на „зелено-белите“ им е доволна и минимална победа против Вардар за да бидат први.

Сите други комбинации се во корист на Алкалоид и Вардар.

СТАТИСТИКА ПО ОСУМ ОДИГРАНИ КОЛА ВО ПЛЕЈ-ОФ:
24 ВАРДАР 
24 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21 РК АЛКАЛОИД 

Клучни натпревари доколку нема дополнителни изненадувања во лигата:
* РК Алкалоид -Еурофарм Пелистер 13.04.2023, СЦ Автокоманда, Скопје
* Еурофарм Пелистер – Вардар 07/08.05.2023, СЦ „Боро Чурлевски“, Битола
* Вардар- Алкалоид 27/28.05.2023, СЦ „Јане Сандански“,Скопје

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР СО ОВОЈ РАСПОРЕД Е ВО ПОЛ ПОЗИЦИЈА. ПАТОТ КОН ТИТУЛАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ ГО ВОДИ ПРЕКУ МИНИМАЛНА ПОБЕДА ПРОТИВ РК АЛКАЛОИД  И ПОБЕДА ПРОТИВ ВАРДАР ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО. НО И СО ПОРАЗ ОД АВТОКОМАНДА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР СЕ УШТЕ ЌЕ БИДЕ ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ. ТОГАШ ЌЕ СЕ ПРАШУВА И РК АЛКАЛОИД КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ВАРДАР, А ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР БИ МОРАЛ ДА ГО СОВЛАДА ВАРДАР СО ВИСОКА ГОЛ РАЗЛИКА.

За клубот

Ракометниот клуб Пелистер своите најголеми ракометни успеси ги бележи кон крајот на 21 век. Важи за клуб кој создал бројни ракометни ѕвезди со квалитетна школа и кадри кои и во југословенското првенство важеле за авторитети и поим за ракометни работници. Клубот поради финансиски проблеми ги менува приоритетите и амбициите, па од македонски шампион и учесник во Лигата на шампионите, Пелистер останува со минимални вложувања да преживува во македонското првенство.
Во 2019 година општина Битола заедно со спонзорот Еурофарм ја создаваат  “ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го добива клубот РК Еурофарм Пелистер.
Еурофарм Пелистер е македонски вицепрвак, со искуство во Лигата на шампионите а последните две сезони успешно настапува во групната фаза од Лигата на Европа. Последен пат титулата во македонскиот шампионат ја освои во сезоната 2002/2003.

КАКО ДО ТИТУЛАТА: Алкалоид мерка од сенка

КАКО ДО ТИТУЛАТА: Вардар игра „топло-ладно“ за одбрана на трофејот