На шест кола до крај на првенството, три екипи се со теоретски шанси да станат шампиони. Во игра се Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Кога Алкалоид го победи Вардар во Автокоманда, се измешаа картите преку кои Македонија ќе го добие новиот шампион. Сега ќе има возбудливи натпревари до крајот на сезоната и отворање на прашањето околу старо/новиот шампион.
Вардар ја загуби високата гол разлика која ја имаше по дуелот со Еурофарм Пелистер во трката за титулата, а сега ќе мора да ги засука ракавите и посериозно да му пристапи на домашниот меч против Алкалоид, и секако и на оној во Битола.
„Црвено-црните“ ја заврши регуларната сезона на првото место во групата A, пред Алкалоид. Во регуларниот дел немаше порази. На почетокот на плеј-оф фазата стартува одлично го совладаа убедливо директниот конкурент Еурофарм Пелистер во Битола и играа нерешено во Кавадарци кај Тиквеш па затоа и покрај победата над Вардар во Автокоманда се уште заостануваат три бода зад водечката двојка во трката за титулата.
Како до потврда на титулата?
По победата над Вардар од 22-21, Алкалоид на шест кола до крајот има 21 бод се доближи на три бодови негатива во однос на Вардар и Еурофарм Пелистер кои се уште се фаворити за освојување на македонскиот шампионат. Актуелниот шампион игра топло-ладно, оваа сезона не покажа константна форма, па за очекување беше изненадување во пролетниот дел. Ако одигра одлично против Еурофарм Пелистер и Тиквеш, тогаш сите слабости ги покажа на дуелот против Алкалоид во Автокоманда.
Чудните резултати и играта „топло-ладно“ не му се непознати на Вардар, особено во последниов период. Во минатото кога Вардар имал шампионски амбиции се сеќаваме на изненадувања во Струмица против Зомимак или уште порано Тутунски Комбинат, Преспа, Борец… но најсвежо во сеќавањата особено на битолчани сигурно е онаа од минатата сезона кога Вардар загуби од младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2. На крајот на таа сезона Вардар мораше да се „вади“ во Битола на жешкиот терен кај Еурофарм Пелистер. Сега сликата е малку поинаква, а битолчани сигурно ги имаат научено лекциите од минатото.
До крајот на првенството има уште шест кола или 18 бодови за освојување, а доколку Вардар нема повторно да потфрли и ја продолжи победничката серија клучни ќе бидат натпреварите со нивните директни конкуренти за титулата. Оној домашниот против Алкалоид кој се игра на крајот на мај и гостувањето во „Боро Чурлевски“ кај Еурофарм Пелистер на почетокот на мај.
Само 18 бодови што значи и две победи против македонските ракометни конкуренти му ја гарантираат титулата на Вардар во македонскиот шампионат. Сите останати комбинации ќе зависат и од останатите два противника. Доколку Вардар ги загуби двата клучни дуели тогаш Македонија ќе има нов шампион.
Сепак патот до титулата за Вардар може да биде отворен и во случај на еден пораз, но тогаш конечниот резултат ќе зависи и од Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Доколку Вардар е поразен во Битола со помалку од седум гола разлика, тогаш за да ја потврди титулата Еурофарм Пелистер мора да загуби во Скопје против Алкалоид, а Вардар во последното коло да го победи новиот суперлигаш на домашен терен.
Доколку пак Вардар загуби во Скопје од Алкалоид и во вториот натпревар, тогаш Еурофарм Пелистер треба да загуби во Автокоманда против Алкалоид, а истото да се случи и во Битола против Вардар, за „црвено-црните“ да го потврдат статусот и титулата. Доколку Еурофарм Пелистер и Алкалоид одиграат нерешено во меѓусебниот дуел тогаш за титулата на Вардар му е доволна победа против Еурофарм Пелистер во Битола. Сите останати комбинации се во корист на Еурофарм Пелистер и Алкалоид што значи и крај на надежите за највисокиот пласман во домашното првенство.
СТАТИСТИКА ПО ОСУМ ОДИГРАНИ КОЛА ВО ПЛЕЈ-ОФ:
24 ВАРДАР
24 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21 РК АЛКАЛОИД
Клучни натпревари доколку нема дополнителни изненадувања во лигата:
* Алкалоид -Еурофарм Пелистер 13.04.2023, СЦ Автокоманда, Скопје
* Еурофарм Пелистер – Вардар 07/08.05.2023, СЦ „Боро Чурлевски“, Битола
* Вардар- Алкалоид 27/28.05.2023, СЦ „Јане Сандански“,Скопје
ПАТОТ КОН ТИТУЛАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ РК ВАРДАР ГО ВОДИ ПРЕКУ ДВЕ ПОБЕДИ ПРОТИВ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР И АЛКАЛОИД СЕ ОСТАНАТО ЌЕ ЗАВИСИ ОД ОСТАНАТИТЕ ДВА КОНКУРЕНТИ ЗА ТИТУЛАТА И НИВНИОТ МЕЃУСЕБЕН ДУЕЛ. СО ЕДЕН ПОРАЗ ВО „ЈАНЕ“ ИЛИ БИТОЛA (помал од 7 голови разлика) ВАРДАР НЕМА КОМПЛЕТНО ДА ГИ ЗАГУБИ ШАНСИТЕ, НО ЌЕ ЗАВИСИ ОД РЕЗУЛТАТОТ ВО ДРУГИТЕ НАТПРЕВАРИ. ДВА ПОРАЗИ ВО ДВАТА КЛУЧНИ НАТПРЕВАРИ ЗА ВАРДАР, ЌЕ ЗНАЧАТ НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА.
За клубот
Позначајниот подем на РК Вардар почнува во последната деценија од минатиот век.
РК Вардар е најуспешниот ракометен македонски клуб во историјата на машкиот ракомет во Македонија. Првиот и единствен тим што ја има освоено машката Лига на шампионите, и прв клуб во Македонија што двапати ја освојува ЕХФ Лигата на шампионите во период од три години. Зад себе има богата и долга традиција, Вардар 15 пати бил првак на Македонија, 15 пати го освојувал Купот на Македонија и плус трипати е победник на Супер Купот.
Сепак промената на сопственоста и финансиските проблеми со кои се соочи Вардар, повторно ја отворија вратата за останатите сериозни клубови со вистински вложувања и амбиции да ја нападнат шампионската титула во Македонија. Лани Вардар не доби дозвола да игра во ЛШ и европските купови што значително ги промени амбициите и финансиската конструкција на клубот.
Оваа сезона Вардар се потпира на македонски ракометари, а единствени странци се десниот бек Куни Моралес, Дарко Ѓукиќ, Полјакот Јан Чувара, Црногорецот Андреј Добрковиќ и бразилскиот среден бек Дутра кој им се приклучи оваа полусезона.
КАКО ДО ТИТУЛАТА: Еурофарм Пелистер – Во Битола мириса на титула