Поранешниот српски репрезентативец Марко Вујин е најновото засилување за европскиот шампион Вардар.
36-Годишниот десен бек по настапите за Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.
Друштво на десната бековска позиција ќе му прават младите Томи Јагуриновски и Јосип Векиќ.
Погледнете дел од погодоците на Вујин во дресот на Кил против најсилните европски екипи Вардар, ПИК Сегед, ПСЖ, Барселона…