Игор Карачиќ откако ги заврши обврските со полскиот Келце, постојано е во Македонија.
Средниот бек ја одржува формата на кејот на Вардар, а заедно со него тренираше и неговиот поранешен соиграч од „црвено-црниот“ тим, Тимур Дибиров.
Навивачите веќе започнаа кампањата „Игоре, врати се во Вардар“, а тој ги подгреа шпекулациите со заедничка фотографија на социјалните мрежи…