Ракометарките на Металург ја продолжија победничката серија во Женската лига и по завршувањето на ЕХФ неделата, откако славеа убедливо над Кузман Вардар со 11-52.
Избраничките на Јулијана Дамчевска уште по првото полувреме го обезбедија триумфот кога водеа со 19 голови разлика, 6-25.
Во второто полувреме шанса за настап добија сите ракометарки од тимот од Автокоманда и сите се запишаа во листата на стрелци, освен голманите Илјаз и Паскал.
Најдобри стрелци во Металург беа Дамчевска со десет голови и Антонела Ристовска со седум, додека кај Кузман Вардар четири ракометарки дадоа по два гола.
Овој натпревар потсети на времето кога некогашниот европски првак Кометал Ѓорче Петров, победуваше на натпреварите од домашната лига со висока разлика, а слични беа резултатите и на звездениот тим на ЖРК Вардар.