Паузата од напорните тренинзи, ракометарите на европскиот шампион Вардар ја користат на различни начини.
Французинот Кантегрел веќе знае каде има најдобро кафе во Скопје, а денеска и дел од другите вардарци го искористија убавото време да отидат на кафе муабет.
Кристијан Дисингер е староседелец во македонската метропола и сигурно им бил водич на некогашниот соиграч од Кил, Марко Вујин, како и на новакот Ловро Јотиќ, кој „Широк Сокак“ го замени со улица Македонија и кејот на Вардар.
Хрватот Анте Гаџа, кој во Скопје дојде со семејството, го искористи слободниот ден за посета на Зоолошката Градина.