Левото крило на Мец и репрезентацијата на Франција одлучи да се вклучи во хотелско-туристичкиот бизнис. Ѕвездата на францускиот ракомет, Мано Ует отвори хостел и собите ги именуваше според нејзините најзначајни успеси.
Ракометарката се реши за оригинален начин на именување на собите во својот хостел. Наместо стандардните броеви на собите таа им додели имиња по најзначајните нејзини успеси. Па така гостите можат да претстојуваат во собата Гетеборг (брозна на ЕП 2016), Будимпешта (Ф4 со Мец), Рио (сребро на ОИ 2018), Хамбург (злато на СП 2017) и Париз (злато на СП 2018).
Ует за француските медиуми изјави дека е уморна од тоа што само игра ракомет и сака да се обиде во туристичкиот бизнис. Таа сама ги дизајнирала собите и често е во хостелот помеѓу тренинзите и натпреварите.