Каков летен шопинг направи Рајн Некар – кој замина од Манхајм, а кој стана „лав“

Поранешниот клуб на Борко Ристовски, Филип Талески и Дејан Манасков, бундеслигашот Рајн Некар Левен е ривалот на Вардар во единственото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Противник што беше најмалку посакуван во ждрепката, противник што веројатно ниту најсилните европски екипи не би сакале да го добијат во елиминациски двобој.

Рајн Некар Левен минатата сезона ја почна одлично, но немаше финиш според посакуваното и заврши на петтото место во Бундес лигата. Сепак сезоната беше успешна откако „лавовите“ го освоија трофејот во Купот на Германија.

Заминаа двајцата бекови кои беа прва опција на левата и десната страна – Лукас Нилсон се пресели во данскиот Алборг, додека Албин Лагерген оди во Магдебург. Финското лево крило Бенјамин Хеландер исто така го напушти клубот и се пресели во шведскиот Алингсас, додека словенечкиот пивот Кристијан Хоржен замина во Гумерсбах. Петтиот играч кој замина од Манхајм е Роберт Тимермајстер на позајмица во данскиот Колдинг.

Во екипата се вратија од позајмици се вратија Филип Ахуаносу, кој играше на кадетскиот Мундијал во Скопје во 2019, како и левото крило Лион Захариас. „Лавовите“ донесоа четворица Скандинавци.

Станува збор за данскиот десен бек од Гепинген – Јон Линденхроне, потоа шведскиот лев бек од Хамарби – Густав Давидсон, данскиот пивот од Колдинг – Стевен Јакобсен, како и десниот бек од исландскиот Валур – Арнор Оскарсон. Професионални договори потпишаа двајца младинци – Давид Море и Магнус Груп.

Искусните Уве Генсхајмер, Патрик Грецки и Михаел Апелгрен, се водечкото трио на „лавовите“, додека Јаник Колбахер, Јури Кнор, Никлас Киркелоке и Халил Јагањац, се исто така меѓу главните на теренот. На хартија Рајн Некар можеби има послаб ростер од минатата сезона, но тоа никако не ја намалува големата фаворитска улога против Вардар.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Рајн Некар Левен ќе се одигра во Скопје на 26 или 27 август, додека реваншот е во Манхајм една недела подоцна.

Состав на Рајн Некар Левен, 2023/24:

Потешко не можеше: Вардар го доби Рајн Некар за ривал во квалификациите од ЛЕ!