Ракометот е најуспешниот колективен спорт во Македонија, и кога станува збор за клупски, и кога станува збор за репрезентативни достигнувања.
„Team Handball News“ направи анализа за популарноста на овој спорт во сите европски држави.
Македонија заедно со Исланд, Норвешка, Црна Гора и Германија, се земјите во кои ракометот е или прв или втор колективен спорт по популарност.
Рангирањето се правеше врз основа на следните критериуми:
- број на клубови
- број на регистрирани ракометари
- публика на трибини
- рејтинг на ТВ преноси
- професионална лига
- платите на играчите
- интересот за настапите на репрезентацијата
- интересот на социјалните мрежи
На фотографијата подолу е мапата со земјите на која може да видите каде колку е популарен ракометот.
сина боја – најмалку спорт број 2
зелена боја – втор или трет најпопуларен спорт
жолта Боја – голем спорт со значајно присуство
кафеава боја – мал спорт со некое мало присуство
црвена боја – многу мал спорт со минорно присуство