Тимот на ПСЖ изминатиот викенд ја прослави новта титула во францускиот шампионат – осма по ред, или деветта во последните десет сезони.
За 38-годишниот Никола Карабатиќ, оваа титула со ПСЖ беше вкупно 20-та во 21 сезона колку што игра како професионалец.
Тој ги носеше дресовите на Монпелје, Кил, Барселона и ПСЖ, иако е на залезот на кариерата, продолжува да поставува рекорди на индивидуален план.
Францускиот репрезентативец освои 14 од 15 можни титули во Франција со Монпелје и ПСЖ, четири од четири има со Кил во Германија и две од две со Барса во Шпанија.
Единствената сезона во која легендарниот бек не освои шампионски пехар е сезоната 2012/13 во која поради скандалот со обложување, мораше да замине од Монпелје во Екс ан Прованс, каде ја доигра сезоната.