Одложувањето на Олимпијадата во Токио за во 2021 година донесе и нов термин на Светското првенство за ракометари до 19 години кое треба да се одржи во Атина, Грција.
Светската ракометна федерација испрати писмо во федерацијата на Грција во кое ја известува дека Мундијалот ќе се одржи од 16 до 29 август во 2021 година, иако првично беше закажан од 23 јули до 8 август.
Европските селекции обезбедуваат место на кадетскиот Мундијал од континенталното првенство, кое треба да се игра во јануари 2021, а нашата репрезентација ќе биде дел од ЕХФ шампионат.
Сепак и најдобрите на трите ЕХФ шампионати би требало да обезбедат место на СП, со оглед на тоа што бројката на учесници од следната година се зголемува од 24 на 32, па Македонија ќе има поголеми шанси да се избори за настап.