Кадетскиот репрезентативец на Србија, левиот бек Војин Чабрило, кој моментално настапува за екипата на Црвенка, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Младиот ракометар од српскиот второлигаш ќе се пресели во француски Тулуз, тим кој што е предводен од српскиот стручњак Даниел Анѓелковиќ.
Чабрило во Тулуз ќе остане најмалку три сезони и ќе има одлична можност да напредува, но и да го покаже својот квалитет во една од најквалитетните лиги на светот.
18-годишниот ракометар со репрезентацијата на Србија настапи на кадетското Европско првенство, кое се одржа минатата година во Подгорица.
Во составот на Тулуз настапува сениорскиот репрезентативец на Србија, левото крило Немања Илиќ.