Кадетките на Македонија на Европското првенство во Црна Гора, откако претрпеа пет порази, три во групната фаза и два во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, ги очекува борба за избегнување на последните места на кадетскиот континентален собир.
Ракометарките на Кристијан Грчевски ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место и ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток.
Македонија во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место в петок ќе се сретне со селекцијата на Швајцарија со почеток во 13:30 часот.
Доколку слави, Македонија ја чека дуел за 13 место со победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд, а доколку загуби ќе игра за 15 место со поразениот од овој двобој.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!