Кадетките од Македонија се дружеа и учеа од Лекиќ, Алтхаус, Грос… (ФОТО)

Трите ракометарки од Македонија кои на ЕХФ шампионатот за кадетки во Грузија беа прогласени за играч на натпреварот Ива Младеновска, Теодора Дукоска и Марија Јовановска во изминатите денови имаа несекојдневна можност да бидат на камп во Виена.

Овој камп е новина во младинскиот ракомет бидејќи девојчињата кои настапуваа на големите шампионати и беа најдобри на некој од натпреварите добија награда со тоа што во неколку дена можеа да се дружат со актуелни и поранешни ѕвезди на светскиот ракомет кои биле амбасадори на ЕХФ на шампионатите.

Оттаму Младеновска, Дукоска и Јовановска можеа да добијат големо искуство од предавањата на различни теми ко ги имаа Андреа Лекиќ, Ања Алтхаус, Ана Грос…

Тие имаа можност да се дружат и со девојки од цела Европа кои исто така беа избрани за МВП на некој од натпреварите, а бројката беше околу 60 млади ракометарки.

Од овој камп секако ќе понесат големо искуство кое ќе им биде драгоцено во иднина на следните настапи на големите натпреварувања.