Женската кадетска репрезентација по денешниот слободен ден, од утре одново се враќа на тренинзите пред настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе имаат доволно време за адаптација во Црна Гора, бидејќи заминуваат на 28 јули.
До стартот на Европското првенство, Македонија ќе одигра две пријателски средби со домаќинот, па селекторот и неговиот стручен штаб ќе има можност на дело да ги видат ракометарките.
Во конкуренција за настап се 20 ракометарки, меѓу кои и двете што настапија и на младинското ЕП – Ива Младеновска и Анастасија Трпеска.
Македонија е во група со Романија, Унгарија и Франција, а континенталниот собир се игра од 3 до 13 август.