Женската кадетска репрезентација на Македонија во дуелот за 15 место на Европското првенство беше поразена од Исланд со 34:25.
Иако ракометарките на Кристијан Грчевски во најголемиот дел од првото полувреме беа во предност, сепак, на пауза заминаа со негатива од два гола разлика, 14:12.
Исланд во вторите 30 минути имаше расположени ракометарки за игра и со добро поставената одбрамбена зона, како и организираните напади, целосно ја надигра Македонија и успеа да оствари убедлива победа.
Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Ива Младеновска со шест погодоци.
Македонија на кадетскиот континентален собир освен од Исланд, беше поразена и од Романија, Унгарија, Франција, Норвешка, Португалија и Швајцарија.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!