Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за кадетскиот женски Мундијал што ќе се игра во Македонија од 30 јули до 10 август.
Нашата селекција ќе биде дел од вториот шешир и ќе има можност да ја одбере групата во која што ќе игра.
Ждрепката е закажана на 2 јуни од 15:00 часот, а најпрво ќе се влечат четвртиот, третиот и првиот, а селекциите од вториот шешир ќе бидат влечени на крај откако Македонија ќе ја одбере групата.
Ова ќе биде прво издание на СП за кадетки со 32 селекции, но ИХФ мака мачеше да најде доволен број учесници. На крајот пет репрезентации добија вајлд-карти и затоа има најмногу селекции од Европа, дури 20, пет од Азија, четири од Африка и три од Јужна и Централна Америка.
Шешири пред ждрепката:
шешир 1: Унгарија, Германија, Иран, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора
шешир 2: Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Македонија, Чешка, Казахстан, Холандија
шешир 3: Египет, Австрија, Бразил, Словачка, Аргентина, Гвинеја, Узбекистан, Алжир
шешир 4: Јужна Кореја, Индија, Сенегал, Уругвај, Фарски Острови, Исланд, Словенија, Шпанија