Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа победа на првиот пријателски натпревар против Италија со 29-21.
Нашите кадети водеа во текот на првиот дел најчесто со два до четири гола предност, а на пауза заминаа со 13-9. Второто полувреме беше уште подобро одработена задачата и мечот заврши со убедлив триумф.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа десниот бек Савревски со пет погодоци, како и пикерот Манчески и средниот бек Митев со по четири гола. Голманот Ерманоски забележа 15 одбрани.
Утре истите репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00. Италија се подготвува за ЕП, додека Македонија ќе игра на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Покрај двата теста со Италија, кадетите ги очекуваат уште две проверки на силите со селекцијата на Црна Гора, на 25 и 26 јули, исто така во Охрид.