Mашката кадетска репрезентација на Македонија имаше успешна проверка на пријателскиот натпревар против Црна Гора триумфирајќи со два гола разлика, 32:30.
Избраниците на Раде Стојановиќ со подобрата игра во вторите 30 минути ја забележаа победата. Црногорците на полувреме имаа предност од 15:13.
Најдобар стрелец во нашата селекција беше Андреј Стојановски со девет гола, додека Александар Петковски постигна шест погодоци.
Овие контролни средби против Црна Гора се дел од подготовките на кадетската репрезентација за настапот на Мундијалот следното лето во Хрватска.
Кадетите утре со почеток од 17:00 часот ќе го одиграат вториот контролен меч против Црна Гора.