Откако беа одиграни двата пријателски натпревари против селекцијата на Унгарија, машката кадетска репрезентација одново се враќа во строј.
По враќањето во Македонија, ракометарите добија два дена одмор, а од денеска повторно им се враќаат на тренинзите пред настапот на Светското првенство во Хрватска.
Селекторот Раде Стојановиќ и неговиот стручен штаб со Бранко Ангеловски и Наум Танески, третата фаза од подготовките со 21 ракометар ќе ја одработат во Скопје.
Македонија е во група со Норвешка, Црна Гора и Грузија на Мундијалот, а своите натпревари ќе ги игра во Ријека.
Првиот натпревар се игра на 2 август против селекцијата на Норвешка на 2 август со почеток во 17:30 часот.