Заврши есенскиот дел и во Кадетската лига во машка конкуренција, во која оваа сезона играат 26 екипи поделени во три групи.
Во групата А, тимот на Мулти Есенс забележа седум победи на седум меча, додека Вардар се издвои на второто место само со еден пораз.
Во групата Б, езерските ривали Охрид и Струга немаат загубено ниту еден бод, и напролет ќе имаат два меѓусебни меча. Тука се Еурофарм Пелистер и Прилеп, кои можат да замешаат во битката за врвот.
Во групата В е најинтересно. Бисинов е прв со 15 бодови, додека по 12 имаат Куманово, Вардар Неготино и Тиквеш, па не очекува возбудлив пролетен дел.
Во четвртфиналето од групата А се пласираат првите три екипи, од групите Б и В се пласираат првите две екипи и подобрата екипа од бараж натпреварот помеѓу третопласираните екипи од група Б и В.
Во четвртфиналната фаза се игра по еден меч и тоа ќе се одреди со ждрепка со тоа што не може да играат екипи кои играле во иста група меѓусебе. Победниците ќе се пласираат на Ф4.